Бугарија отвора два пункта за вакцинација на македонски граѓани

Фото: EPA-EFE/Ben Birchall / POOL

Државјаните на Македонија од утре ќе можат да примат вакцина против ковид-19 на двата пункта што Бугарија ги отвори во меѓуграничната зона на два гранични премина со Македонија, и тоа Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село, објави Дојче Веле.

Со оглед на тоа дека двата пункта се наоѓаат во меѓуграничната зона, луѓето нема да мораат да влегуваат во Бугарија, со што нема да имаат потреба од покажување негативен ПЦР-тест.

Заинтересираните за вакцинирање ќе можат да избираат меѓу „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот