Бугарија не учествувала во изготвувањето на нон-пејперот за Северна Македонија

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат
Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека властите во земјата на никаков начин не учествувале во подготвувањето на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Дописникот на  МИА од Софија, повикувајќи се на соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи, информираше дека оттаму истакнале дека не се официјално известени за таков документ, ниту пак дека учествувале во неговата подготовка и поради тоа не можат да ја коментираат неговата автентичност и содржина.

Новиот нон-пејпер предизвика бурни негативни реакции за решавање на македонско-бугарскиот спор што вчера го објави ТВ Клан.

Скандалозен нон-пејпер за „бугаризирање“ на Македонците

Телевизијата твредеше дека документот  е дел од т.н. „нон-пејпер“ за решавање на македонско-бугарскиот спор, но не може да го лоцира потеклото или институцијата која е автор на истиот како и дека со него се запознаени официјалните власти во Софија и во Скопје. Информацијата ја демантираа и од Владата и МНР.

За власта не постои т.н. нон-пејпер, официјален предлог е оној на претседателството со ЕУ

Претходно и од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски рекоа дека не добиле таков документ, бидејќи како што велат тие со месеци наназад не се водат никакви преговори за надминување на прашањето со Бугарија.

Пендаровски: Нема нон-пејпер од Бугарија, со месеци не се преговара

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот