Бугарија: На „сивиот“ сектор отпаѓа околу 21 проценти од економијата

Претседателот на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија, Пламен Димитров нагласи дека околу 21 отсто од бугарската економија е се уште во „сивиот“ сектор.

Според него, во пари тоа значи дека се околу 23 милијарди лева годишно (11,5 милијарди евра).

Податоците на Синдикатот укажуваат дека секторите со највисок дел во „сивата“ економија се сервиси за поправки на автомобили, градежништво, земјоделие и лесна индустрија.

Димитров додаде дека недекларираниот труд во Бугарија е речиси 16 отсто при просек од 11,6 отсто во Европската унија.

– Во земјоделието секој втор работи без договор, а во градежништвото делот на сивата економија е околу 40 отсто – изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот