плажа девојка
Фото: Pexels

Бугарија летово очекува 6 милиони туристи

Бугарија нуди одлични услови за одмор и во исто време е безбедна дестинација, изјави министерот за туризам на Бугарија, Христо Проданов, на отворањето на летната сезона, пренесуваат бугарските медиуми.

-Во претстојната летна сезона очекуваме меѓу 5,5 и 6 милиони туристи. Најмногу посетители ќе има од Полска, Унгарија, Романија, Германија, Велика Британија, Србија, Чешка, Израел и други. Не очекуваме одлив на домашни туристи, бидејќи на многу Бугари им се допаѓа бугарското црноморско крајбрежје, изјави министерот за туризам Проданов на прес-конференција во туристичкиот комплекс Златни Песоци по повод официјалното отворање на летната туристичка сезона, пренесува НОВА.

Проданов истакна дека пораката што сака да ја испрати земјата е оти Бугарија нуди одлични услови за рекреација, а во исто време е и безбедна дестинација. Освен тоа, како што рече Проданов, Црно Море е безбедно и мирно подрачје каде бугарските угостители имаат долга традиција на квалитет и гостопримство во туризмот. Проданов е оптимист за претстојната летна сезона и покрај кризите во последните години.

Според него, промоцијата на сите видови туризам треба да биде исклучително висок приоритет. Заедно со традиционалниот морски и зимски туризам, од исклучителна важност за Бугарија е да го искористи потенцијалот на културеен, бањски, вински и кулинарски туризам, како и здравствениот туризам.

Летната туристичка сезона официјално беше отворена со празнична поворка покрај шеталиштето на туристичкиот комплекс Златни Песоци. Настанот се совпаѓа со 65-годишнината од формирањето на црноморското одморалиште.

На покана на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за туризам Христо Проданов, над 30 шефови на дипломатски претставништва акредитирани во Република Бугарија го посетија одморалиштето за да се запознаат со туристичкиот потенцијал на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот