Бугарија ќе лови руски „тролови“ на социјалните мрежи?

Фото : Архива

Бугарија најави формирање на специјална институција за борба против лажни вести на социјалните мрежи и кај онлајн медиумите. Ова го најави министерот за електронско управување Божидар Бојанов, кој посочи дека институцијата ќе има задача да ги следи и анализира ткн. „тролови“, кои со скриени идентитети влијаат на јавното мислење во корист на Кремљ на социјалните мрежи, јави Еурактив.

Според Бојанов институцијата нема да биде насочена кон граѓаните бидејќи целта не е создавање на репресивен државен апарат.

„Ние се водиме од еден основен принцип а тој е дека ниту владата, ниту било која голема компанија не треба да одлучува што е вистина, а што не, и да блокира содржина. Не треба да создаваме механизми за такво однесување бидејќи многу лесно може да се искористи во погрешна насока – истакна министерот Бојанов.

Бугарските власти добро знаат дека Кремљ во моментов директно и индиректно финансира дезинформации во земјата, одржува „фабрики“ на „тролови“ и координирано ја дистрибуира оваа содржина на социјалните мрежи, рече и министерот.

Овие „тролови“ често се луѓе кои работат од дома и создаваат лажни профили со кои споделуваат вести во групи и страници, како и пишуваат коментари под написите за вести.

Инаку земјата во моментов нема државен апарат за заштита на населението од хибридни закани и дезинформации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот