Гордана Димитриеска Кочоска /фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Буџетот е во добра кондиција, а американските царини се шанса, тврди министерката за финансии

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното, извршувањето на буџетот оди според очекувањата, а во март и април биле собрани повеќе приходи споредено со првите два месеци од годинава, вели министерката за финансии Димитриеска- Кочоска.

Таа вели дека треба да се почекаат финалните извештаи, но дека се прават напори да се анализира поврзаност на компании, да се зголеми присилната наплата, да се наплатат дивидендите и во крајна мера, вкупно да се зголемат даночните приходи. Министерката уверува дека особено добри биле финансиските резултати за тековниот месец април.

Институциите успеале да реализираат 73 милиони евра или 10% од вкупно предвидените годишни капитални инвестиции до 8-ми април годинава. Министерката Димитриеска-Кочоска вели дека климатските услови биле неповолни за одвивање на инфраструктурните проекти. Ветува дека граѓаните повеќе ќе немаат вештачка слика за реализација на капиталните проекти. Како завршени повеќе нема да се евидентираат платени аванси и гаранции, бидејќи тоа не било градење и обнова, туку вештачко прикажување дека се сработило повеќе од реалното.

Министерката е задоволна од полнењето на државната каса по основ на царини. Во врска со проблемот со наметнатите поголеми царински стапки од страна на САД и нивното стопирање во период од 90 дена, Димитриеска – Кочоска вели дека тоа е шанса за Македонија директно да извезува таму. 10% царини е нешто што е прифатливо за најголем дел од државите. Следната недела Министерката ќе оди на редовните пролетни средби со Светска Банка и ММФ во Вашинтон, кадешто ќе ја искористи приликата да преговара со челниците за олеснување на трговската размена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот