Буџетски дефицит соодветен на одговорот на кризата

– Во март кога Македонија беше погодена од кризата со короанавирусот приходната страна на Буџетот беше намалена за 1,9 милијарди денари и имаше за околу пет отсто помалку приходи од планираните за целиот квартал, објаснува Битиќи.

По обвинувањата на најголемата опозициска партија во земјава ВМРО – ДПМНЕ, дека власта на Заев неодговорно се однесувала со парите на народот и се подготвувала за изборна корупција и дека само во првите 3 месеци потрошени се речиси 43% од планираниот дефицит на годишно ниво, со реакција се огласи советникогт на премиерот Фатмир Битиќи.

– Потрошени се 7,4 милијарди денари или речиси 43 отсто од планираниот дефицит за годинава во износ од околу 16 милијарди денари, но потрошените средства се соодветни на одговорот на кризата предизвиката од коронавирусот, оценува Битиќи.

-Лани во истиот квартал имавме 18 отсто потрошено од дефицитот или 3,2 милијарди денари што значи дека во овој квартал годинава се потрошени 4,2 милијарди денари повеќе. Но, во март кога Македонија беше погодена од кризата со короанавирусот приходната страна на Буџетот беше намалена за 1,9 милијарди денари и имаше за околу пет отсто помалку приходи од планираните за целиот квартал, објаснува советникот на премиерот.

Тоа, како што прецизира Битиќи, се планирани расходи на другата страна и затоа, рече, е искористен соодветно за пополнување на дупката во приходната страна.

Битиќи порача дека не е добро да се прави компарација на два квартала од различни години, кои, како што кажа, се неспоредливи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот