Буџаку: Во Дебар владее домаќинска култура, сега треба мобилизација не критика

-Информациите медиумите ги имаат секојдневно. Информираноста е на ниво – граѓаните се во тек. Во оваа ситуација е потребна тотална мобилизација и координација на сите, а не барање на ситни грешки, како што тоа го прави опозицијата. Повторувам сите релевантни служби имаат навремена координација и медиумите добиваат од час во час релевантни информации, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Агрон Буџаку, директор на ЦУК.

Тој вели дека постојано е во контакт со граѓаните од Дебар, кои покажаа високо ниво на самосвест.

-Дебар е место кое е прилично лесно за контролирање, со бројка на луѓе кои релативно лесно можат да се снабдат со продукти. Владее домаќинска култура. Нон – стоп сум во комуникација со дебарчани. Подобро е да ги прашаш „своите“ и да се слушаат сограѓаните. Јас сум дебарчанец и горд сум на ова што се случува таму и нивото на самосвест. Продавниците се полни, цените не се накачани. Ова е пример кој што треба да се истакне во случај да се прошири кризна состојба и во други општини, вели Буџаку.

Буџаку истакна дека институциите се спремни да се соочат со коорнавирусот поради превземање на навремени мерки.

-Теоретски и практично ние сме спремни. Кога се прогласи кризна состојба за Дебар и Центар Жупа ние ги имавме веќе стандардно-оперативните процедури подготвени. Тоа е многу важно. Сега треба мобилизација, не критика. Како млада земја први воведовме мерки. Македонија е мала како држава, а кога успеавме со вакви мерки како што воведовме да ја контролираме ситуација, сметам дека сите институции се најспремни да се справат со коронавирусот, изјави Буџаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот