Брз кредит лани земале 7 отсто од кредитоспособните лица – Слободен печат
ВестиЕкономија

Брз кредит лани земале 7 отсто од кредитоспособните лица

Секторот расте од година во година, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва.

За услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити, се поголема е заинтересираноста помеѓу граѓаните. Тие просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а лани седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва.

Секторот расте од година во година, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва.

„Целта е да работиме заедно во обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата и да изградиме контруктивен дијалог со законодавците и надзорните органи“, рече денеска претседателот на Асоцијата, Филип Димитровски, кој е извршен директор на друштвото „Тиго”.

Тој соопшти дека секторот на небанкарски финаниски услуги се развива брзо во целиот свет и дека ваков тренд има и во земјата на што укажуваат и бројките на издадени кредити од 4,6 милиони во 2016 година, 17,5 милиони евра во 2017 година и за 2018 очекуваат двојно зголемување во однос на 2017 година.

Најчести корисници на услугите на овие друштва се физичките лица, а Димитров посочува дека тие покриваат седум отсто од кредитоспособното население, односно тоа се група потрошувачи кои не се услужени во традиционалниот банкарски сектор.

„Нудиме брза, квалитетна и транспарентна услуга“, истакнува Димитров, додавајќи дека нема загрижувачки процентот на неможноста за наплата на кредитите.

Вели имаат механизми за проверка на клиентите и дека во случај на не враќање на средствата може да ангажираат надворешна компанија и на крајот со извршител.

Посочија дека за разлика од банкарскиот сектор имаат поголеми трошоци, и дека секторот работи со загуба.

Во земјава првото финансиско друштво почнува да работи во 2011 година. Во моментов се активни 24 друштва, а во асоцијацијата на почеток се вклучени седум друштва, кои денеска потпишаа и Кодекс за добра праса со цел да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите кои добиле заем или планираат да земат одреден заем од членка на Асоцијацијата. Знакот за сигурност е „Одговорен кредитор”, што ќе биде поставен на видно место во друштвото.

Димитров ги повика да се вклучат во асоцијацијата и останатите друштва и да се приклучат кон кодексот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close