Бруно Фернандеш не сака да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
Капитенот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, не сака да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок, објави „Би-Би-Си“. Во последните денови се појавија информации дека Португалецот ја разгледува својата иднина на „Олд Трафорд“ по отпуштањето на менаџерот Рубен Аморим.
Препорачано
Фернандеш се сретна со еден од помошниците на Аморим по отпуштањето на португалскиот тренер, што предизвика шпекулации дека 31-годишникот можеби сака да си замине. Сепак, извори на Би-Би-Си запознаени со ситуацијата изјавија дека Фернандеш останува посветен на клубот. Тој отсекогаш планирал да ја процени ситуацијата на лето, кога му останува уште една година од договорот.
Минатото лето одби профитабилна понуда од Ал Хилал и се верува дека сака да остане во Европа доколку го напушти Манчестер јунајтед.
Португалскиот фудбалер неодамна го изрази незадоволството кога дознал дека клубот сака да го продаде и рече дека раководството немало храброст да му каже бидејќи Аморим сакал тој да остане.
Откако Аморим беше отпуштен, одборот го назначи Дарен Флечер за привремен тренер за два натпревари, пред да одлучи Мајкл Карик да го води тимот до крајот на сезоната.
Мајкл Карик ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната


