Мајкл Карик ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната
Како што и се најавуваше во текот на денот, тоа и го потврди англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, нов тренер на екипата ќе биде Мајкл Карик до крајот на сезоната 2025/26.
Препорачано
Како професионален фудбалер, Карик одигра 464 натпревари за клубот, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два во Лига купот, Лигата на шампионите, Лигата Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на стручниот штаб на првиот тим кога се пензионираше во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер. По заминувањето на Солскјер, Карик го водеше клубот во улога на привремен менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец беше главен тренер на Мидлсбро две и пол години, почнувајќи од октомври 2022 година.
– Да се има одговорност да се води Манчестер Јунајтед е чест. Знам што е потребно за да се успее тука, мојот фокус сега е да им помогнам на играчите да ги достигнат стандардите што ги очекуваме во овој неверојатен клуб, за кои знаеме дека оваа група е повеќе од способна да ги постави. Веќе работев со голем број играчи и очигледно продолжив внимателно да го следам тимот во последните години, имам целосна доверба во нивниот талент, посветеност и способност да бидат успешни тука. Сè уште има многу за што да се бориме оваа сезона, подготвени сме да ги собереме сите и да им ги дадеме на навивачите настапите што ги заслужува нивната лојална поддршка – вели Карик за клупскиот сајт.
Michael Carrick is back 🤝
Our former captain is our Head Coach for the remainder of 2025/26 🔴
— Manchester United (@ManUtd) January 13, 2026


