Бродот „УСС Џералд Форд“ пристигна на поправка во Суда по пожарот во Црвеното Море
Пожарот на носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, во кој беа повредени морнари и уништени 100 кревети, е најновиот инцидент што го погоди најголемиот носач на авиони во светот во маратонско распоредување за кое некои велат дека го намалило моралот на екипажот.
Препорачано
На море речиси девет месеци, а моментално стациониран во Црвеното Море за поддршка на војната против Иран, носачот на авиони наводно се упатува кон Крит и Суда на поправка.
Должината на мисијата покрена прашања за моралот на морнарите и подготвеноста на воениот брод. Службениците, кои разговараа со Ројтерс под услов да останат анонимни, не прецизираа колку долго се очекува бродот вреден 13 милијарди долари да остане на Крит.
Еден од службениците изјави дека речиси 200 морнари добиле прва помош за повреди поврзани со вдишување чад кога избувнал пожарот во централната зона за перење на бродот. Потребни биле часови за да се стави под контрола пожарот, кој зафатил околу 100 места за спиење.
Еден член на екипажот беше префрлен со хеликоптер од бродот, додека „Њујорк тајмс“ објави дека двајца морнари се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот.
Американската војска првично изјави дека нема оштетување на погонскиот систем и дека носачот на авиони е целосно оперативен.
Бродот претрпе значителни проблеми со системот за тоалети. Во извештај од 2020 година се забележува дека системот е подложен на „неочекувани и чести блокади“ што бараат чистење со киселина, по цена од 400.000 долари секој пат.
Сенаторот Марк Ворнер остро го критикуваше продолжувањето на мисијата, наведувајќи дека екипажот ги достигнал своите граници поради „ризични воени одлуки на Доналд Трамп“.
Повлекувањето на „Форд“ би оставило значителна празнина во регионот, каде што неговите авиони учествувале во напади врз Иран. Сепак, се наведува дека „Форд“ веројатно ќе биде заменет од „УСС Џорџ Х.В. Буш“, кој се подготвува да се распореди на Блискиот Исток. Според извештаите, САД погодиле повеќе од 7.000 цели од почетокот на операциите против Иран на 28 февруари.
Пред Блискиот Исток, носачот на авиони учествуваше во операции на Карибите, извршувајќи напади врз бродови за шверц на дрога и го зароби венецуелскиот лидер Николас Мадуро.
„Њујорк тајмс“: Пожарoт на американскиот носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ траел над 30 часа


