Кралот Чарлс во Сандрингам во Норфолк / Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Британско радио по грешка објави дека кралот Чарлс починал

Британското радио „Каролина“ по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал. Радиостаницата што ја емитува програмата низ целиот јужен дел на Англија нагло ја прекина песната „What’s Up“ од бендот „Фор ју блондс“ за да ја пушти веста за наводната смрт на кралот, по што ја пушти песната „God Save the King“, пишуваат странските медиуми.

Сепак, кратко по непријатната ситуација, од радиостаницата издадоа извинување, наведувајќи дека имало „компјутерска грешка“.

– Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, постапката за смртта на кралот, која сите станици во Велика Британија ја чуваат во режим на подготвеност со надеж дека нема да биде потребна, беше случајно активирана во вторник попладне (19 мај), погрешно објавувајќи дека Неговото Височество Кралот починал – напишал водителот на радиостаницата Питер Мур на Фејсбук.

По грешката, тие емитуваа претходна порака од кралицата и кралот и додадоа дека се надеваат дека ќе го прават тоа уште многу години.

– Му се извинуваме на Неговото Височество Кралот и на нашите слушатели за евентуалните непријатности – додал Мур на крајот.

Лажната вест ги натера многу слушатели да коментираат како се чувствувале кога ја слушнале.

„Беше шок, но откако им кажав на сопругата и соседите, сфатив дека е грешка и можеби беше олеснување, но потоа почна смеата“; „Го слушнав ова додека работев во гаражата. Втрчав во куќата викајќи ѝ на сопругата: ‘Мртов е! Чарлс е мртов’. Таа изгледаше збунето и рече: ‘Па, тој беше на изложбата на цвеќе вчера’“, беа некои од коментарите.

Инаку, кралот Чарлс Трети и кралицата Камила пристигнаа во Белфаст на нивната прва посета на Северна Ирска оваа година, откако присуствуваа на Кралската изложба на цвеќе во Челзи.

Првата локација на кралскиот пар беше настан во квартот Титаник во Белфаст, организиран по повод домаќинството на најголемиот фестивал на ирска музика и танц во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот