Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф официјално се понуди за купување на Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф и неговата петрохемиска компанија „ИНЕОС“ официјално се понудија за купување на Манчестер јунајтед, пренесува „Би-Би-Си“.

ИНЕОС воедно има намера да го направи клубот од „Олд Трафорд“ светилник за модерен, прогресивен пристап кон сопственоста насочен кон навивачите, да го врати Манчестер во Манчестер јунајтед и јасно фокусирајќи се на освојување на Лигата на шампионите.

– Можеме да потврдиме дека Сер Џим Ретклиф и ИНЕОС поднесоа понуда за мнозинска сопственост на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед. Ние би ја виделе нашата улога како долгорочни чувари на Манчестер jунајтед во име на навивачите и пошироката заедница. Ние сме амбициозни и високо конкурентни и би сакале да инвестираме во Манчестер јунајтед за повторно да го направиме клуб број еден во светот – се вели во соопштението објавено од ИНЕОС.

Семејството Глејзер размислува за продажба на клубот и беше поставен рок до петок за предлози.

Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани, претседател на една од најголемите банки во Катар, исто така поднесе понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот