ВИДЕО | Британка свиреше кларинет за време на операција на мозок: Поради Паркинсоновата болест не можела да го користи омилениот инструмент
Постапка за стимулација на мозокот ги подобри симптомите на Паркинсонова болест кај 65-годишна жена во Англија – а доказот беше веднаш очигледен кога таа почна да свири кларинет за време на операцијата, пишува „Јуроњуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На Денис Бејкон, пензиониран логопед, ѝ била дијагностицирана Паркинсонова болест во 2014 година. Мозочното нарушување предизвикува тремор, забавеност и вкочанетост, а со текот на времето се влошува како што мозокот сè повеќе се оштетува.
Кај Бејкон, Паркинсоновата болест предизвикала забавеност на движењето и мускулна вкочанетост, што го отежнувало одењето, пливањето, танцувањето и свирењето на нејзиниот омилен инструмент – кларинет.
Нејзините симптоми ја направија кандидат за длабока мозочна стимулација (ДБС), хируршка процедура во која стимулативни електроди се поставуваат во целните области на мозокот кои го контролираат движењето.
Овој пристап долго време се користи за пациенти со облици на нарушувања на движењето отпорни на третман, како што е Паркинсоновата болест, за која нема лек. ИакоДБС не го запира напредокот на болеста, може да помогне во ублажувањето на симптомите.
За време на четиричасовната операција, Кејумарс Ашкан, професор по неврохирургија на Кралскиот колеџ во Лондон, извршуваше ДБС додека Бејкон остана будна, а скалпот и черепот ѝ беа вкочанети со локална анестезија.
Хирурзите направија дупки во черепот на Бејкон и имплантираа електроди, кои беа поврзани со генератор на импулси сличен на пејсмејкер кој испраќаше електрични импулси до мозокот на Бејкон, помагајќи да се намалат нејзините симптоми.
Резултатите беа „инстантни… штом стимулацијата беше испорачана до мозокот“, рече Ашкан во соопштението.
„Се сеќавам дека можев да ја движам десната рака многу полесно откако беше применета стимулацијата, а тоа пак ја подобри мојата способност да свирам кларинет“, рекла Бејкон.
Генераторот на импулси на Бејкон испорачува континуирана електрична струја на нејзиниот мозок и може автоматски да ја прилагоди стимулацијата. Неговата батерија е имплантирана во нејзините гради и би можела да трае и до 20 години пред да биде потребна замена, велат од болницата на Кралскиот колеџ, каде што била оперирана.
Сега Бејкон со нетрпение очекува повторно да се занимава со хобијата кои била принудена да ги намали поради симптомите.
„Веќе чувствувам подобрувања во одењето и едвај чекам да се вратам во базенот и на подиумот за танцување за да видам дали моите способности таму се подобриле“, заклучила таа.


