Британија се соочува со недостиг на сезонски работници

Фото: Архива

Околу 30.000 луѓе од ЕУ, годишно доаѓаат на сезонска земјоделска работа во Велика Британија

Илјадници Британци треба да помогнат во собирањето на реколтата, бидејќи сезонските работници од другите делови на Европа не можат да патуваат поради карантинот, соопшти британскиот министер за животна средина, храна и рурален развој, Џорџ Еустис.

Според Еустис, околу 30.000 луѓе од ЕУ, годишно доаѓаат на сезонска земјоделска работа, но сега се пристигнати само една третина.

–  Имаме потреба од значителен број Британци, особено оние кои се на годишен одмор, кои имаат можност ако сакаат, изјави Еустис.

– Имаме интерес од луѓето кои сакаат да се приклучат. Потребни ни се околу десет илјади луѓе за оваа работа, додаде Еустис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот