Британија: Се предлага физичките работници да одат порано во пензија

Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER 

Луѓето со повисок степен на образование во Велика Британија ќе работат подолго, предлагаат конзервативците во Парламентот. Според предлогот, во исто време би им се дозволило на луѓето кои работат физичка работа да одат порано во пензија, пишуваат медиумите.

Властите планираа ново зголемување на старосната граница за пензионирање на сите работници, што предизвика многу реакции во британската јавност и стравувања дека земјата не е подготвена на финансискиот ефект од реформата. Меѓу предлозите беше и на луѓето кои не студирале на универзитет и порано го почнале работниот век, како и на оние кои работат физички напорни работи, да им се дозволи порано да одат и во пензија.

По жестоките реакции во јавноста, Мел Страјд, британскиот секретар за работа и пензии, денеска ја одложи одлуката за зголемување на старосната граница за државна пензија за по изборите, но ја остави отворена вратата за зголемување на возраста на 68 години во следните години.

Возраста за пензионирање во Британија во моментов е 66 години и за мажите и за жените, а Страјд рече дека ќе се зголеми на 67 години, како што е планирано за три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот