ВИДЕО | Британија: Им починал синот во најголеми маки од неухранетост, а потоа со ритуали се обиделе да го оживеат
Британскиот суд денеска ги осуди родителите кои не побарале лекарска помош за својот болен син (6), а по неговата смрт телото го закопале во плиток гроб во својот двор, па со рутиали се обиделе да го оживеат.
Таи (42) и Најами (43) Јашарахајала се осудени за суровост кон дете и прикривање докази. Нивниот син Абијах починал по респираторно заболување и страдал од тешка неухранетост, рахитис, анемија, застој во растот и расипување на забите, пренесува Sky News.
На поротниците им било кажано дека неговите родители биле водени од систем на верување кој вклучувал рестриктивна веганска исхрана и повлечен начин на живот.
– Иако момчето имало големи болки, тие не побарале помош, соопштија обвинителите.
Очигледно момчето имало многу болки пред смртта и ниту еден родител не можел да објасни зошто не побарале помош. Тие го држеле телото на момчето во кревет осум дена по неговата смрт на почетокот на пандемијата во 2020 година.
Со ритуал се обидuвале да го вратат својот син од мртвите“
Момчето имало шест скршеници на раката, ногата и ребрата. Сепак, точната причина за смртта не можеше да се утврди поради состојбата на неговите останки. Двојката беше уапсена во декември 2022 година додека живееше во приколка во Гластонбери, а нивниот син беше пронајден пет дена подоцна.
Таи, кој е роден во Лондон и дипломирал медицинска генетика, го извршил „осумдневниот ритуал“ со надеж дека неговиот син „ќе се врати од мртвите“. Адвокатите на одбраната тврдеа дека двојката го погребала синот со надеж дека можеби ќе се „прероди.
– Искрено веруваа дека постапуваат правилно. Тие искрено веруваа дека нивната исхрана и вербата во природната и холистичка медицина е најдобриот начин – изјави Бернард Тетлоу на судењето.
Двојката смислила систем на верување кој вклучува аспекти на нигериската игбо култура, која Таи ја адаптирал како што му одговара. Таи и Најами ги негираа обвиненијата, но денеска поротата едногласно ги осуди.
Инспекторот Џо Девенпорт по пресудата изјави дека Таи е „многу арогантен човек, некој што ги меша фантазијата и реалноста и сака да манипулира со луѓето“, и дека Најами ја ставила лојалноста кон нејзиниот сопруг пред сопственото дете.