БРИКС Самит / ФотоЕPA-EFE/KIM LUDBROOK

БРИКС не е антиамериканска организација, вели заменик шефот на руската дипломатија Рјабков

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во четврток изјави дека БРИКС не е антиамериканска група и дека нема да слуша „јазик на закани и манипулации“.

„БРИКС не е антиамериканско здружение. Ништо на агендата на БРИКС не содржи антиамериканска компонента. Јазикот на закани и манипулации, ако сакате, за тоа што се случува или не се случува, вклучително и на платформата на БРИКС, не е јазик што треба да им се зборува на членовите на оваа организација.“, изјави Рјабков за новинарите во Москва, пишува Ројтерс.

Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на земјите од БРИКС со дополнителни царини од 10% откако го нарече блокот „антиамерикански.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот