Бриџит Џонс добива бронзена статуа во Лондон, познато е кога ќе биде откриена
Ликот на Бриџит Џонс, создаден од Хелен Филдинг, кој го толкуваше актерката Рене Зелвегер во четири филма, ќе биде овековечен со бронзена статуа на плоштадот Лестер во Лондон. Планирано е бронзената статуа, која ќе биде дел од постојаната изложба, да биде откриена на 17 ноември 2025 година, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Статуата ќе биде уште една во низата статуи што ги прикажуваат клучните икони на светската кинематографија на плоштадот Лестер, дом на четири кина и каде што се одржуваат бројни премиери на црвениот тепих.
– Бриџит Џонс е првата лондонска хероина и одлична вест е што таа ќе биде присутна на плоштадот Лестер во Лондон. Ова е исто така прв пат да добиеме лик од романтична комедија – рече Ерик Фелнер, копретседател на студиото „Ворк тајтл“, кое се занимава со филмски адаптации.
Статуата, чие појавување се должи на лондонското студио „3Д Ај“, ќе стане постојан дел од плоштадот, каде што веќе има бронзени статуи на Меда Падингтон, Мери Попинс, Хари Потер, Бетмен, Џин Кели од филмот „Пеење на дождот“, Индијана Џонс, Чарли Чаплин ,ликот што го игра Даниел Калуја во филмот „Трчај!“, Мистер Бин…
Актерката Рене Зелвегер ќе присуствува на откривањето на статуата, заедно со Ерик Фелнер, Сали Филипс, Лео Вудолом.
Не е познато дали статуата ќе го прикаже ликот Бриџит од четвртиот филм или нејзината склоност кон Шардоне, цигари и многу долна облека.
Првиот филм од серијата, „Дневникот на Бриџит Џонс“, беше објавен пред 24 години, а подоцна беа објавени: „Бриџит Џонс на работ на разумот“, „Бебето на Бриџит Џонс“ и „Бриџит Џонс: Луда за момче“, кои заедно заработија речиси 900 милиони долари на глобалните бокс-офиси.
Четвртиот дел од филмот заработи сто милиони долари и беше голем хит во САД, Велика Британија и други земји.


