Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс - Фото: UNIVERSAL PICTURES - HAMSHERE, KEITH - Album / Album / Profimedia

Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во иконските улоги 26 години по премиерата филмот „Мумија“

Американско-канадскиот актер Брендан Фрејзер се враќа во својата улога од „Мумијата“ по 26 години од објавувањето на првиот дел.

Според магазинот „Пипл“, познатиот актер ќе ја повтори својата улога во продолжението на култниот филм, заедно со неговата колешка Рејчел Вајс. Тие моментално се во преговори за продолжување на популарната франшиза на „Јуниверсал пикчерс“.

Се очекува филмот да го режираат дуото од „Радио Силенс“, Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Џилет, кои претходно режираа хорор филмови како „Ready or Not“, „Scream“ и „Abigail“.

Деталите за заплетот за продолжението на „Мумија“ и потенцијалниот датум на премиерата не се откриени.

Фрејзер (56) и Вајс (55) првпат ги играа Рик и Евелин О’Конел во филмот од 1999 година „Мумијата“, режиран од Стивен Сомерс.

Потоа следеше „Враќањето на мумијата“ од 2001 година (кој го означи дебито на Двејн Џонсон). Фрејзер се врати за продолжението од 2008 година, „Мумијата: Гробницата на змејскиот цар“, а Марија Бело ја презеде улогата на Евелин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот