Бремената Сања Кужет се збогува од „Ѕвездите на Гранд“: Откриено е која ќе биде новата водителка

Сања Кужет, Ана Севиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската водителка Сања Кужет (40) ужива во својата бременост, но од сега и во породилното отсуство. Имено, водителката на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ неодамна најави дека нема да ја заврши сезоната и дека ќе се повлече од телевизиските екрани.

Сега, таа објави фотографии со кои се збогува со публиката и соработниците на оваa емисија.

Фото; Instagram / sanja_kuzet

„Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе. Сликите се создадени на последниот ден од снимањето, кога немав поим дека нема да ја завршам…Одиме по нови приватни победи“, напиша Сања на својот профил на Инстаграм.

Фото; Instagram / sanja_kuzet

Публиката ќе го почека нејзиното враќање уште некое време, а дотогаш ќе ја гледаат нејзината замена. Како што пишуваат српските медиуми, Саша Поповиќ не сакаше долго да ја држи јавноста во неизвесност и одлучи нова водителка да биде Ана Севиќ.

Фото: Instagram / anasevicofficial

„Мило ми е што сме повторно заедно. Голема чест и привилегија е повторно да застанам на сцената од која и самата дојдов и поминав убави години и како натпреварувачка и потоа како водителка. Имам неверојатен набој на емоции и ова беше навистина понуда што не можам да ја одбијам со оглед на тоа што сум емотивно врзана за ‘Ѕвездите на Гранд’“, изјавила Ана.

Фото: Instagram / anasevicofficial

Сања Кужет очекува трето дете: Српската водителка го напушта шоуто „Ѕвездите на Гранд“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот