БРЕМЕНА ХЕРОИНА ОД ФЛОРИДА: Ги спасила сопругот и ќерката од провалници (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Бремена жена од Флорида ги спасила животите на својот сопруг и ќерка, откако со пушка АР-15 го усмртила провалникот кој минатата недела пробал да им провали во фамилијарната куќа, јавува Њујорк пост.

Мајката морала да тргне „во акција“, откако провалниците ја нападнале нејзината ќерка, а со пиштолот веќе го удриле нејзиниот сопруг.

„Откако дојдоа на задната врата, го вперија пиштолот, а друг ја фати мојата 11 годишна ќерка“, рекол сопругот Џереми Кинг за Беј њуз 9.

Тие го тепале со пиштолот и го удирале со нозе, а сопругата која била во осми месец од бременост, тргнала да се скрие во спалната соба.

„Кога провалникот стигнал до вратата, во линија каде таа можела да го види, таа пукала и успеала да го погоди. Пушката го сторила своето“, додал сопругот.

Полицијата известила дека пронашле мртво тело на маж, а другиот осомничен бил на слобода.

Сопственикот на куќата рекол дека претрпел „страшно тепање“, но дека сопругата го спасила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот