Бредли Бил одби 36 милиони долари од Вашингтон

Бредли Бил/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Бредли Бил одби да ја искористи да остане уште една сезона во тимот од главниот град на САД и да заработи 36,4 милиони долари.

Бил имаше опција да го продолжи договорот за уште една сезона, но одби да ја искористи и планира да го „тестира“ пазарот како неограничено слободен играч надевајќи се дека може да заработи повеќе пари.

Исто така, станувањето слободен играч би можело да значи дека Бредли Бил следната сезона нема да игра за Вашингтон, тимот за кого настапува од почетокот на НБА кариерата, од 2012 година.

Најзаинтересиран тим за Бил е Лос Анџелес Лејкерс кој е подготвен да понуди размена, Бил за Расел Вестбрук откако кошаркарот на Вашингтон ќе потпише нов договор.

Но, од друга страна Вашингтон е тимот кој може да му понуди највеќе пари, Бил за нов петгодишен договор со визардс може да инкасира 248 милиони долари.

Минатата сезона Бредли Бил просечно постигнуваше по 23,2 поени, 4,7 скокови и 6,6 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот