Брдаровски: Незаслужен пораз, арапските судии не оштетија во последните моменти

Денес фудбалската репрезентација на Македонија составена од прволигашки играчи со исклучок на интернационалците Дарко Велковски и Кристијан Тошевски забележа пораз во Абу Даби од 1:0, меѓутоа треба да се спомене и „домаќинското“ судење на арбитрите од ОАЕ.

Во самата завршница видовме и една срамна одлука на судиите кои во иста акција не досудија два чисти пенали. Прво Стојановски беше непрописно блокиран и влечен од домашен фудбалер, а потоа еден од домашните фудбалери очигледно играше со рака на гол линијата (одбрана).  Владица Брдаровски смета дека Македонија одиграла еден добар натпревар и незаслужено била поразена.

„Штета што претрпевме незаслужен пораз. Арапските судии не отштетија во последните моментни со недосуден пенал. Примивме евтин гол и не заслуживме пораз. Покажавме дека играме добар фудбал и тоа против селекција што ќе игра на Светското првенство во Катар и можеме да очекуваме убава иднина за македонскиот фудбал“, рече Брдароски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот