Фото: Profimedia

Брат уби брат во Тузла

Цела ноќ во Тузла, БиХ, траела потрагата по 46-годишниот Елвис Селимовиќ кој синоќа го убил својот брат Елдин Селимовиќ во населбата Миладије, објави порталот „Аваз“.

Елвис Селимовиќ е уапсен утрово.

Е.С. на возраст од 40 години, кој бил тешко ранет од истрели на автоматско оружје, синоќа во болница им подлегнал на повредите.

Трагедијата се случила синоќа околу 22:45 часот..

Според неофицијални информации, на убиството му претходела расправија меѓу двајца браќа.

Елвис Селимовиќ ѝ бил познат на полицијата по сторување кривични дела. Во 2024 година бил пријавен за насилно однесување, кога оштетил возило, по што избегал. Набрзо бил пронајден и уапсен, а полицијата го привела без облека.

Убиецот на новинарката од Сараево бил уапсен додека јадел ќебапи во Башчаршија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот