Брајан Адамс за односот со принцезата Дијана: Се обидов да ја спасам од сè

Фото: Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia//David Levenson / Shutterstock Editorial / Profimedia

Канадскиот музичар Брајан Адамс деновиве откри како се обидел да ја “спаси” принцезата Дијана, пред да умре во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Пејачот кој имал блиски односи со кралското семејство во годините пред нејзината смрт во 1997 година, открил дека се чувствувал како средбата со неа да е една од „најголемите работи“ што некогаш му се случиле, пишува „Дејли меил“.

Дијана, заедно со нејзиниот љубовник Доди ал Фајед и возачот Анри Пол, ги загубија животите обидувајќи се да побегнат од француските папараци, а Адамс во средината на осумдесеттите години на минатиот век ја напишал познатата песна „Дијана“ за нејзиниот брак со тогашниот принц Чарлс.

По нејзината смрт тој ја повлече песната, а сега, 26 години подоцна, ја откри приказната за нивната блиска врска.

„Имавме многу, многу добри разговори, морам да ви кажам. Всушност, тоа е чудно и надреално да се размислува. Навистина, многу ми се допадна Дијана, таа беше неверојатна жена и голема инспирација. Врската со неа е навистина една од најголемите работи што ми се случиле“, признал Адамс во интервју за „Тајмс“ и додал дека некако се обидел да ја спаси од сѐ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот