Брачните правила на Ајнштајн кои би го згрозиле секој маж: Милева поминала низ она што денешните жени не можат ни да го замислат

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Профимедиа

Легендарниот нобеловец и физичар, Алберт Ајнштајн бил пред своето време во однос на знаењето и достигнувањата во науката, но неговиот карактер воопшто не бил едноставен и лесен.

Покрај ненадминливите дела што ги оставил зад себе, останал запаметен и како „тежок“ човек.

Неговиот карактер многу влијаел на неговиот однос со сопругата Милева Мариќ, која поради семејството и неговата кариера, ја занемарила својата научна работа.

Алберт алнштајн/Фото: Topham Picturepoint / Topfoto / Profimedia

Алберт и четири години постарата Милева се запознале во текот на студирањето. Во тоа време Мариќ важела за многу перспективна студентка со одлични предиспозиции за голема научна кариера.

Од друга страна, Ајнштајн бил многу тивок, асоцијален, речиси секогаш седел сам. Со оглед на тоа што биле сосема различни, луѓето се прашувале како воопшто се вљубиле еден во друг. Милева пред да дипломира забременила и ја родила вонбрачната ќерка Лизерл. Непосредно пред нејзината венчавка со научникот, нејзината ќерка заболела од шарлах и оттогаш и се губи секоја трага. Не е познато дали починала како последица на болеста, или пак, била дадена на посвојување.

Алберт и Милева го кажале судбоносното „да“ во Берн на 6 јануари 1903 година. Меѓутоа, мајката на Ајнштајн воопшто не ја сакала Милева, ниту пак, се трудела да ја скрие својата нетрпеливост. Ѝ пречела разликата во годините тоа што нејзината снаа ја задржала православната вера и што едната нога ѝ била пократка. Иако ѝ подарила две внучиња, таа никогаш не ја прифатила, туку сè повеќе влијаела на нејзиниот син да ја остави.

Милева Мариќ Ајнштајн
Милева Мариќ/Фото: Профимедиа

Се чини дека нивниот брак бил во криза од самиот почеток, со наизменично добри и лоши периоди. Алберт не бил многу посветен на своето семејство. Шест дена во неделата ги поминувал во заводот за патенти, посветувајќи го своето време на физиката. Исто така, сè почесто бил со својата љубовница, која воедно била и негова братучетка, Елза Ловентал.

По една од жестоките расправии со сопругата, Алберт направил „список на правила“, кои очекувал Милева да ги почитува. Списокот со „барања“ е откриен во едно од писмата на Алберт до Милева, а објавено е во биографијата „Ајнштајн – неговиот живот и универзум“.

Брачните правила на Алберт за Милева:

Прв дел

Ќе се грижиш за следново:

– Мојата облека и постелнина секогаш да се одржуваат во ред
– Редовно да примам три оброци
– Мојата спална и работна соба да бидат уредни, а бирото да се користи само за моите потреби

Втор дел

Ќе се откажеш од сите лични работи со мене, освен ако тие не се неопходни од социјални причини. Поточно, ќе се откажеш од:

– Заедничко седење во куќата
– Заеднички излегувања и патувања

Трет дел

Ќе ги почитуваш следниве правила во врска со мене:

– Нема да очекуваш никаква интимност од мене, ниту пак, ќе ми преговараш за тоа
– Ќе престанеш да разговараш со мене, доколку го побарам тоа
– Ќе ја напуштиш мојата спална соба во истиот момент кога ќе го изговорам тоа, без никаков бунт

Четврти дел

Се обврзуваш дека нема да ме омаловажуваш пред нашите деца ниту со зборови, ниту со однесување, пишувал „Историски забавник“.

По долги години толерирање на невозможниот карактер на Ајнштајн, Милева се одлучила да стави крај на нивниот брак во јули 1914 година, само еден ден пред почетокот на Првата светска војна. Со децата заминала за Цирих, Швајцарија. Две години подоцна, Алберт побарал развод и официјално се развеле на 14 февруари 1919 година. По само неколку месеци, научникот се оженил со својата долгогодишна љубовница Елза.

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот