Босанецот Петровиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

фото: РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека потпиша нов двегодишен договор со ракометарот Павле Петровиќ (23).

Десниот бек, кој веќе трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Еурофарм Пелистер.

Интернационалецот од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за битолската екипа.

– Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи. Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот – вели Петровиќ.

Во понеделник играчите на Александар Јовиќ во Словачка ќе го играат реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА Газпром лигата против Татран Прешов. Потсетување дека на првиот меч во Битола Еурофарм Пелистер славеше со 37:29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот