20.8 C
Скопје

Борјан Георгиевски: Татко ми беше шампион  во сè

Завршниот турнир во кошаркаскиот Куп на Македонија, од годинава го носи името на легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур.

Легендарниот Буштур ншто повеќе од една година не е меѓу нас, но спомените на него и неговите успеси како кошаркар, тренер и човек ќе останат засекогаш. Кошаркарската федерација на Македонија се погрижи Купот на Македонија да го носи неговото име, по примерот на некои други држави во опкружувањето.

Сето тоа му причинува задоволство на неговиот син Борјан Георгиевски, поранешен кошаркар и младински репрезентативец на Македонија.
– Пред сè, сакам да ѝ се заблагодарам на КФСМ на ваквиот потег. Тој не е тука, но мислам дека и нему би му претставувала голема чест. Татко ми го заслужи сево ова и сметам дека е ова е една од најдобрите работи кои се случиле во македонскиот спорт и во македонската држава воопшто – вели Борјан Георгиевски во интервјуто за официјалната страница за КФСМ.

И самиот Борјан беше професионален кошаркар но подоцна се повлече од спортот и животот го однесе на друга страна. Купот на Македонија кој се одржува деновиве беше можност да се врати накратко во младоста.
– Се потсетив на деновите кога играв кошарка и многу ми е мерак поради тоа, особено бидејќи голем дел од овие играчи лично ги познавам. Можеби не е важно како се чувствувам јас, туку тоа што татко ми уживаше додека ги следеше овие натпреварувања. Иако не сум активно вклучен, ја сакам кошарката и се надевам дека ќе ни донесе уште многу успеси како спорт.

За кого навива Борјан на ова издание од Купот?
– Цел живот навивам за МЗТ Скопје, но бидејќи ова е прва година во која Купот го носи името ‘Благоја Георгиевски Буштур’, би сакал да победи Работнички, поради татко ми кој цела кариера ја помина таму. Знам дека Работнички беше неговиот живот и тој сигурно ќе навиваше за него.
Целото интервју со Борјан Георгиевски може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Фото: КФСМ

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар