Борисов најавува потврда позиција кон Македонија по изјавите на Пендаровски

Бојко Борисов
Бојко Борисов/ EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, партијата која освои најмногу гласови на последните избори во рамките на преговорите со другите партии за составување влада денеска имаше средба со Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов на која меѓу другото се разговарало и за политиката кон Македонија.

– Зборувавме за многу поодговорна и потврда позиција кон Северна Македонија. Не може нивниот претседател на таков начин да зборува, да се изјаснува и да го игнорира нашиот претседател – изјави Борисов по средбата.

Со Има таков народ, како што кажа, зборувале за Шенген и еврозоната и најави разговори и со другите политички партии што го смета за парламентарна пракса за да бидат на чисто дали може да се пшостигне согласност. Сепак, рече дека не разговара за законодавни и финансиски прашања.

Претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена во телевизиско интервју кажа дека нема контакти со бугарскиот претседател Румен Радев и дека последен пат кога се видел со него било минатата година на Мини самитот за енергетика во Софија. Пендаровски рече дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев, потенцирајќи дека, според него, не постои клима на добрососедство.

– За танго треба двајца. Објективно изминативе две години Бугарија имаше серија на провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон ЕУ каква што немало во историјата на ЕУ. Ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што викала „Вие не сте тоа што мислите дека сте“. Да зборувате за идентитетска политика и да викате дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници ќе можам да напредувам кон Европа… Ние може да глумиме средби, но последниве две години практично немам ниту еден конструктивен разговор со Радев – изјави Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот