Борба против ковид-19: НАТО и ЕУ ќе испратат 300 медицински лица на помош на Чешка

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешката Влада одобри план за 300 здравствени лица од земјите на НАТО и Европската Унија (ЕУ) да допатуваат во земјата и да и помогнат во справување со зголемениот број на пациенти со коронавирус.

Дневниот пораст на нови случаи на вирусот вчера се искачи на речиси 15.000, што е речиси 3.000 повеќе од претходниот рекорд што беше поставен ден порано.

За реализација на владиниот план е потребно и одобрување од парламентот, бидејќи станува збор за припадници на странски вооружени сили. Тие ќе помагаат на нивните чешки колеги во Воената болница во Прага и во полската болница со капацитет за 500 пациенти што ја гради армијата.

Првата група од 28 лекари од Националната гарда на САД треба да пристигне следната недела.

Владата доби и 600 респиратори и друга медицинска опрема што е неопходна во единиците за интензивна нега. Министерот за одбрана, Љубомир Метнар вели дека НАТО ќе испрати уште 60 респиратори.

Чешка веќе два месеци се соочува со пораст на инфекции, а третина од случаите се регистрирани во последните седум дена. Вкупно се потврдени 208.915 случаи и 1.739 смртни случаи во земјата од почеток на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот