Бони Тајлер доживеала срцев удар во моментот кога лекарите се обидувале да ја разбудат од вештачка кома
Светската музичка икона Бони Тајлер (74) моментално се бори за својот живот во болница во Португалија, по низата сериозни здравствени компликации кои започнаа со пукање на слепото црево. Според последните извештаи, пејачката доживеала срцев застој во моментот кога лекарите се обидувале да ја разбудат од индуцирана кома, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Проблемите започнале пред околу еден месец, кога Тајлер почнала да чувствува болки за време на концерт во Лондон. Иако првичните прегледи во Британија не покажале ништо сериозно, нејзината состојба нагло се влошила по пристигнувањето во нејзиниот дом во Алгарве. Нејзиниот сопруг, Роберт Саливан, ја однел во приватна болница, од каде итно била префрлена во државната болница во Фаро поради перфорација на цревата и пукање на слепото црево.

Лекарите во Португалија биле принудени повторно да ја стават пејачката во вештачка кома за да го стават под контрола „сериозното воспаление“ предизвикано од инфекцијата. Нејзиниот долгогодишен пријател Либерто Меалја изјави дека лекарите сепак се „позитивни“ и веруваат во целосно закрепнување, иако ситуацијата останува неизвесна.
Поддршка од целиот свет
Додека Бони Тајлер останува на интензивна нега, илјадници обожаватели, вклучувајќи ги и нејзините сонародници од Велс, испраќаат пораки со поддршка на социјалните мрежи. Сите се надеваат дека жената со најпрепознатливиот рапав глас во историјата на рок музиката ќе извојува уште една победа.
Музичката легенда Бони Тајлер по итна операција се наоѓа во вештачка кома


