Боне: Солидарноста на ЕУ на испит поради кинеската и руската вакцина

Знамиња на ЕУ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Францускиот министер за европски прашања Клеман Боне денеска изјави дека солидарноста на Европската унија може да биде загрозена доколку нејзините членки изберат кинески или руски вакцини против ковид-19, кои сè уште не се одобрени од регулаторот на ЕУ.

– Изборот на кинеска или руска вакцина е проблем во однос на нашата солидарност, а исто така претставува и здравствен ризик, бидејќи руската вакцина сè уште не е одобрена во Европа. Поднесено е барање за одобрување, но сè уште не е одобрена, а за кинеската вакцина не е поднесено барање за одобрување, изјави Боне за радио РТЛ.

Руската вакцина „Спутник V“ е веќе одобрена или е во фаза на одобрување во Унгарија, Словачка и Чешка, а Европската агенција за лекови (ЕМА) почна постапка за можно одобрување на ниво на целата Унија.

На 1 март, полскиот претседател Анджеј Дуда разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за набавка на кинеската вакцина против ковид-19, но полскиот министер за здравство Адам Ниеџиелски два дена подоцна рече дека во моментот не ја препорачува оваа вакцина поради недостиг на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот