Ведрана Рудан/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Болна исповед на Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Три чекори се многу, вака го преживувам умирањето“

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан објави нова колумна во петокот во која зборува за деталите од животот со тешка дијагноза. Да потсетиме, на Рудан пред повеќе од една година ѝ беше дијагностициран рак на жолчните канали.

Ведрана Рудан редовно пишува за своите денови во болница на својот блог. Сега објави текст што го насловила „за умирањето“ и во него сумирала колку сите се грижат околу неа, а таа нема сила.

Во најновиот блог на Ведрана Рудан, кој го објавува на страницата rudan.info, писателката зборува за тоа како се радува на своето семејство и фризерката која ѝ помага да остане средена, а од друга страна, со неа надобро и се изнаприкажува.

Во ја пренесуваме во целост нејзината исповед:

„Умирањето е здодевно да полудиш. Додека си во креветот, ти се чини дека си здрав. А потоа седнуваш на работ од креветот и одлучуваш, сега ќе станам, ќе се спуштам во приземјато и ќе одам во градината. Во животот.

Ха. Ха. Некако се исправаш и се упатуваш кон бањата. Душата ти е веќе во носот. Треба да ги измиеш забите, да се измиеш, да го намачкаш лицето со крем, да го погледнеш своето ново лице во огледалото.

Кој е тоа? Госпаѓата е слаба, има нова фризура, кратка. Косата ѝ е чиста затоа што сопругот двапати неделно ја вози кај фризерката.

Не знам колку вие во животот имате пријателки, деца, роднини. Кога ќе погледнам назад, зад мене е година и пол „долга и тешка болест“, така тоа го пишуваат во некролозите, најблиските луѓе ми се мојот сопруг, синот, ќерката, фризерката Јасмина и мојата пријателка од детството. Да, и три девојки од Трсат, и три девојки од Загреб, и едно девојка од Опатија. Тоа би било сè. Многу? Малку?

Медицинските сестри за кои никој никогаш нема да ја напише вистината се натчовечки суштества. Насмевка, нежно будење се во три часот наутро за менување на инфузијата, насмевка, местење на перници, покривачот, насмевка. За болеста не се зборува. Ниту за немоќта. Ниту за смртта. Се чувствуваш виновна.

Толку многу млади девојки скокаат околу тебе, дали тие знаат дека не ти е ништо, ништо страшно, ништо тешко?

Ним им тешко како што тебе никогаш не ти било. Не зборуваат за тоа. „Тоа е нашиот живот, вистински живот, останатото е пауза.“ Докторка. Светлина. Добрина. Кога ќе помислам на неа, секогаш останувам без текст.

Се враќам на Јасмина. Сакам да напишам колку ми значи. Со неа сум барем двапати неделно среќна, затоа што можеме да разговараме за што било. Со неа сум здрава сè додека не станам од столот и не се обидам весело да направам три чекори до вратата. Три чекори се многу чекори и некако треба да се дојде до здив.

Благословен кревет и благословен мобилен и благословен мојот син кој ги претвора моите чкртаници во текст за вас. Каква радост е кога ќе го видам на екранот.

Еј, можеби вие што го читате ова всушност најмногу ми помагате да го преживувам умирањето.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот