БОЛКИ ВО ГРБ И РАМЕНИЦИ: Овие вежби ќе ви помогнат да се ослободите од нив

Profimedia
Profimedia

Болките во грбот и рамениците се речиси неизбежни за оние кои поголем дел од денот го поминуваат седејќи во канцелариски столчиња, наведнати над бирото.

Применувајте ги овие едноставни вежби, за да можете да ја намалите тензијата која се јавува во грбот, вратот и рамениците.

1. Истегнување на грбот и стомачните мускули

а) Легнете на грб најпрво со свиткани колена и раширени раце. Потоа, навалете ги колената на едната страна и свртете ја главата на спротивната. Останете така 10-тина минути и после повторете го истото, но свртени на другата страна. За најдобри резултати, повторете ја вежбата четири пати.

б) Легнете на грб со рацете лежерно поставени покрај телото. Превиткајте го едното колено и префрлете го преку другото и свртете ја главата на спротивната страна од онаа на коленото. Не правете нагли движења. По 10-20 секунди, сменете ја страната. Повторете 20 пати.

2. Истегнување на половината и стомачните мускули

а) Поставете се со колената на земја, а предниот дел држете го на рацете, целосно исправени. Наизменично виткајте го грбот кон горе, па кон долу (слично како истегнувањето на мачките). Повторете двапати.

б) Проширена варијанта на претходната вежба, со тоа што кога грбот е спуштен, истегнувате една од нозете. Потоа пак се враќате во испакнатата позиција, а на следното спуштање ја истегнувате другата нога.

3. Истегнување на стомачните мускули и карличниот дел од грбот

а) Легнете на грб и свиткајте ги колената, така што стапалата се рамно поставени на подот. Ставете ги рацете и обидете се да се поткренете од лежечката положба. Важно: Вдишувате, па при станувањето, издишувате.

б) Легнете на грб и кренете ја едната нога, така што горниот дел од ногата и вашето тело ќе зафаќаат агол од 90 степени, а исто така и коленото треба да биде свиткано под овој агол. Со рацете позади глава, обидете се со спротивниот лакт да го допрете кренатото колено. Потоа сменете ја страната. Повторете ја вежбата 10-20 пати.

в) Легнете на грб и кренете ја едната нога, исправена, така што ќе зафаќа агол со подот од околу 30 степени. Со стапалото од другата нога допрете го коленото. Сменете страна. Повторете 10 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот