Боксерот кој му се закануваше на Меси сега му се извини

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek (Меssi) - EPA-EFE/ETIENNE LAURENT (Canelo Alvarez)

Meксиканскиот боксер Канело Алварез во изминатите денови го привлече вниманието поради заканата до Лионел Меси.

Меси предизвика бурни реакции во јавноста со ситуацијата од соблекувалната после натпреварот против Мексико.

Сепак, набрзо се јавија повеќе фудбалери меѓу кои беше и легендата на Мексико, Андрес Гвардадо кој објасни дека таквите ситуации во соблекувалните се нормални. Гвардадо додаде и дека дресот кај Меси е неговиот затоа што тој го заменил со него после натпреварот.

Таквите пораки очигледно стигнале и до Алварез кој сега побара извинување, објаснувајќи дека претходно бил понесен од страста и љубовта кон Мексико.

„Во последните неколку дена бев понесен од страста и љубовта кон мојата земја, дадов коментари кои воопшто не беа на место и затоа сакам да му се извинам на Меси и луѓето во Аргентина. Сите секој ден учиме нешто ново, сега јас дојдов на ред“, порача Канело.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот