Легендата на Мексико го брани Меси: Лео е добар човек, дресот беше мој

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Многу бурни реакции во јавноста предизвика ситуацијата со Меси и дресот на Мексико во соблекувалната по натпреварот помеѓу овие две селекции во кои Аргентина славеше со 2:0.

Еден од првите кои се огласи беше мексиканскиот боксер Канело Алварез кој дури и му се закани на Аргентинецот, но сега во одбрана на Меси застана и легендата на Мексико Андрес Гвардадо.

Гвардадо против Аргентина се запиша во историјата како шести фудбалер со пет Светски првенства, а само трет Мексиканец на кого му успеало вакво нешто.

„Добро знам каков човек е Меси. Луѓето како Канело Алварез не знаат ништо за тоа што се случува во соблекувалната. Таму е полно со пот и сите дресови се на подот, небитно дали се ваши или оние кои сте ги размениле. За мене е лудост што се направи од еден таков нормален момент. Дресот кај Меси е мој, Лео и јас ги сменивме по натпреварот“, изјави Гвардадо.

Претходно со слична изјава во јавноста се огласи и Серхио Агуеро, меѓутоа сигурно дека изјавата на Гвардадо има поголема важност за сите Мексиканци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот