По заканите од боксерот, Агуеро застана во одбрана на Меси
Лионел Меси одигра одличен натпревар против Мексико и ја предводеше својата селекција до важна победа после поразот од Саудиска Арабија во првото коло.
Препорачано
Меси против Мексико го отвори резултатот со еден мајсторски удар надвор од шеснаесетникот, а конечните 2:0 ги постави Енцо Фернандез. Меѓутоа по триумфот Меси се најде во центарот на вниманието поради ситуација од соблекувалната.
Ситуацијата во која Меси го шутира дресот на Меиско Мексиканците ги налути, а во јавноста се огласи боксерот Канело Алаварез кој му се закани на Аргентинецот порачувајќи му дека за него е подобро да не го види некаде.
Canelo Alvarez tells God that he hopes he doesn’t catch Messi in person after he saw a video of Messi using the Mexican flag to clean the floor ?? pic.twitter.com/IB72NWn23W
— Daily Loud (@DailyLoud) November 28, 2022
По заканата од Канело во одбрана на Меси застана неговиот поранешен соиграч и долгогодишен пријател Серхио Агуеро.
„Господине Канело. Не барајте извинување или проблеми, сигурно не знаете ништо за фудбалот и за тоа што се случува во соблекувалните после натпреварите. После секој натпревар дресовите се на подот поради пот. Ако подобро погледнете ќе видите дека Меси прави потег за да ја соблече копачката и случајно го допира дресот“, порача Агуеро.


