ВИДЕО | Падна Мексико: Аргентина остана во игра за осминафинале

Фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

После шокантниот пораз од Саудиска Арабија, Аргентина вечерва не потфрли и славеше победа против Мексико со 2:0.

Се мачеше Аргентина во првите 45 минути, но и Мексико имаше свои шанси. Сепак, голови не видовме. Меси од кого се очекуваше најмногу од стартот изгледаше повлечено. Меѓутоа тоа се промени после еден час игра. Се играше 61. минута кога Меси доби топка од Ди Марија во близина на шеснаесетникот и испрати прецизен удар кој Очоа немаше шанси да го одбрани.

 

Мексико не беше истиот тим од првото полвуреме во вториот дел не создаде скоро ниту една добра прилика. Точка на натпреварот стави стави Енцо Фернандез кој влезе во вториот дел.

Со овој триумф Аргентина се доведе во позиција сама да одлучува во последното коло кога игра против Полска. Во оваа група после две кола три бода имаат Аргентина и Саудиска Арабија, Полска има четири, Мексико еден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот