Фото: Слободен печат

Боки 13 останува во притвор во Шутка

Боки 13 освен гаранција во имот, приложи и медицинска документација за чир на желудник со надеж дека ќе излезе од притвор каде е повеќе од седум месеци.

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и неговата  гаранција од околу 143.000 евра за да излезе од притвор.

Во гаранцијата понудена на јавната седница во петокот, спаѓаат куќата на негов прв братучед, проценета на околу 102 000 евра и еден локал – деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска, со вредност од околу 40 000 евра.

Боки 13 освен гаранција во имот, приложи и медицинска документација за чир на желудник со надеж дека ќе излезе од притвор каде е повеќе од седум месеци.

Останатите инволвирани во случајот „Рекет“ Катица Јанева и Зоран Милевски веќе се во куќен притвор. Зоран Милевски останува во куќен притвор до правосилноста на пресудата, бидејќи тој призна вина и доби три години затвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот