Богоевски: Се заколнаа на старото име, а хонорари ќе земаат со новото, Стевчо нема да се одмаздува но ќе нè „е*е со к*рот громовски“

Павле Богоевски
Павле Богоевски / Фото: Фејсбук, Павле Богоевски

Овде или некој во коалицијата не разбрал нешто, или „патриотизмот“ и принципите на сите во веселата дружина им се на копче и им важат само за ПР, но не и за плати, хонорари и тендери.

Таравари: За нас услов за коалиција е Преспанскиот договор, а Мицкоски нема проблем со тоа.

Јанушев: За нас Преспанскиот договор е завршена работа, Градоначалниците на ВМРО ќе прифаќаат Северна таму кај што мораат.

За нивните советници во Штип, Преспанскиот договор не е завршена работа – мислат дека нивниот Статут е над Уставот. Се заколнаа на старото, а хонорар ќе земаат со новото, правно име на државата.

Градоначалникот ќе зема плата од Северна, а истото име ќе стои и на тендерите кои ќе ги распишува.

Во меѓувреме, Стевчо во Карпош нема да се одмаздува, но затоа сите ќе нè „е*е со к*рот громовски“.

Фалевте, будалчиња.

(Фејсбук статус на Павле Богоевски)

ВИДЕО: Стевчо Јакимовски со екипата славеше со хитот на „Куку леле“ во познат скопски локал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот