ВИДЕО: Стевчо Јакимовски со екипата славеше со хитот на „Куку леле“ во познат скопски локал

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Староновиот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, синоќа со журка во познат скопски локал ја прослави победата со популарниот хит на Куку леле „Постела рози“. Тој на своите противници им порача: „Како ве е*е Стевчо Јакимовски, за вас е само к*рот громовски“.

Јакимовски го победи во Карпош кандидатот на СДСМ Душко Весковски со 1.444 гласови повеќе, според последните неофицијални податоци од Државната изборна комисија.

Тој изјави дека Карпош повторно ќе биде водечка општина и оти вратите на локалната самоуправа ќе бидат секогаш отворени за граѓаните без разлика дали тие гласале за него или не.

–  Во наредниот период ќе ги корегираме грешките, ќе работиме уште попосветено и поорганизирано и уште повеќе ќе бидат отворени вратите на Карпош за да ги решаваме нивните секојдневни проблеми. Чувствувам големо задоволство, но никако триуфализам. Сакам да им порачам на граѓаните дека сите сте добредојдени во Општината, без разлика дали сте гласале за мене, рече синоќа Јакимовски по што заедно со своите поддржувачи ја прослави победата во Општина Карпош.

Погледнете дел од славеничката атмосфера:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот