Богоевски кон Бетмен: Не презедовте ништо на 27 април, само ги слушавте наредбите на Груевски

„ВМРО-ДПМНЕ ги релативизира настаните од 27 април и така ја шири пропагандата. Затоа 5 години подоцна не можеме да се договориме што точно се случило на 27 и тоа е нешто што ќе не осуди да го повториме, не дај Боже, за 5, 10 или 15 години“ кажа поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски на емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Фактот дека се уште се расправаме што се случило, не спречува да го апсолвираме тоа, да го ставиме зад нас и да се осигураме дека нема да се случи повеќе“ кажа Богоевски.

Во дискусија со Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Богоевски кажа дека тој како организатор на протестите точно знаел каков ефект имаат неговите зборови и која е неговата одговорност како организатор на протестите.

Поранешниот пратеник на СДСМ истакна дека Илиевски, познат како Бетмен велит, бил доста свесен за својата улога на 27 април.

„Дури и вие да не сте го предводеле или иницирале влезот во Собранието, што направивте за да го спречите? Ја ангажиравте редарската служба, која мора да ја имате согласно закон? Откако се појавија првите знаци дека луѓе сакаат да влезат во Собранието, што направивте вие? Вода им носеше. Ништо не направивте. Ги спроведувавте инструкциите на вашиот шеф, сега веќе храбриот бегалец Никола Груевски“ кажа Богоевски обраќајќи се до Илиевски.

Според Богоевски лицата што насилно влегле во Собранието не може да се наречат уставобранители.

„Не може да се нарекуваат уставобранители тие што насилно влегоа во Собранието и се обидоа да тепаат или да убијат оние кои што самите граѓани ги одбрале да го спроведуваат тој Устав“, рече Богоевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот