Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Богданчанец со трактор удрил во бетонски ѕид, се превртел и загинал на самото место

Вчера во Богданци се случила трагична несреќа — 64-годишен жител на градот загинал кога со трактор удрил во бетонски ѕид и се превртел.

„На 08.04.2026 во 18:50  часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека улица ‘Мирче Ацев’ во Богданци, трактор ‘фергусон’ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија“, соопштуваат од МВР.

Млад Французин на велосипед се судрил со „сузуки“ и завршил во болница во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот