Фото: Принтскрин / Instagram/ Youtube

Богатството на д-р Дре се проценува на 800 милиони долари: Неговата ќерка е бездомник и живее во автомобил

Богатството на славниот рапер д-р Дре се проценува на 800 милиони долари, но неговата најстара ќерка ЛаТања Јанг тврди дека тој одбива да ѝ помогне финансиски, и покрај фактот дека е бездомник и принудена да живее во автомобил, пишува „Daily Mail“.

ЛаТања работи како доставувач на храна и е вработена во складиште, но тврди дека не може да си дозволи да плаќа кирија, па спие во изнајмено возило.

Вели дека неколку пати барала од нејзиниот татко да ѝ помогне финансиски, но дека не добила ниту денар од него во последните 18 месеци. Д-р Дре ја доби ЛаТања со Лиза Џонсон, со која се разделил кога ЛаТања имала само пет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BSnews (@burudanikilasiku)

Не се виделе 18 години

Јанг вели дека не го видела својот славен татко веќе 18 години и дека го нема ниту неговиот број, туку комуницира со него преку неговиот тим.

ЛаТања е самохрана мајка на четири деца, 16-годишната Татијана, 13-годишната Ријана, 8-годишната Д’Андреа и 3-годишниот Џејсон, на кои им нашла сместување.

„Моите деца живеат кај пријатели, не живеат во автомобил, само јас“, истакна таа.

Фото: Принтскрин/Youtube

Ќерката на д-р Дре вели дека работи две работи, но сепак не може да си дозволи постојано сместување.

„Работам во магацин и доставувам храна. Се обидувам да ја држам главата над површината. Веќе долго време сум во долгови“, вели ЛаТања.

Во моментов, како што вели, живее во страв дека ќе остане и без автомобилот.

„Ме плаќаат 15 долари на час. Изнајмувањето автомобил е скапо. Чини 2.300 долари за три недели, а јас платив само за една недела. Порано или подоцна ќе ми го земат и автомобилот“, вели таа.

 

Instagram
Фото: Instagram

Јанг вели дека пред месец дена се преселила со своите деца од Невада во Калифорнија со надеж дека ќе заработи подобро.

„Имам семејство и пријатели кои повремено не припаат под својот покрив, но најчесто живеам во автомобил“, вели таа.

ЛаТања вели дека се обратила до д-р Дре за помош преку неговиот адвокат, но тој, наводно, ѝ рекол дека нејзиниот татко повеќе не сака да ѝ дава пари бидејќи таа претходно зборувала за него во медиумите.

„Јас сум бездомник и го молам татко ми за помош, но неговиот адвокат ми рече дека не сака да ми помогне затоа што зборувам за него во медиумите. Како да сум осудена ако зборувам, а осудена сум и ако не зборувам. Се обидувам да комуницирам со него за да видам дали сака да разговара со своите внуци. Моите деца се доволно возрасни за да знаат кој е и се шокирани што не сака да има ништо со нас“, рече таа.

Фото: Принтскрин/Youtube

На својата поранешна сопруга д-р Дре ѝ дава 300.000 долари месечно

Јанг призна дека д-р Дре ѝ помагал претходно и дека ѝ плаќал кирија и ѝ давал џепарлак, но во јануари 2020 година тоа престанало.

„Луѓето ме гледаат како ќерка на милионер и не разбираат зошто работам. Затоа сакам да се скријам под камен. Тој ми ја плаќаше киријата и ми даваше џепарлак, но сега веќе не сака. На улица сум. Слушам дека им купува куќи на своите љубовници. Тоа е ужасна ситуација“, рече таа.

Д-р Дре и неговата сопруга Никол Јанг се разделуваат: Развод од „пеколот“ и алиментација од два милиони месечно

Вели дека била повредена и кога слушнала дека тој се согласил да ѝ плаќа алиментација на неговата поранешна сопруга Никол Јанг, од која се разведе по 24 години брак, 300.000 долари месечно.

„Непријатно ми беше кога го слушнав тоа, луѓето ме гледаат и се прашуваа зошто. Она што го доби Никол требаше да го добие и мојата мајка. Го молев да обезбеди дом за мене, сестра ми и моите деца. Требаше да не издржува додека учевме и да ни плаќа здравствено осигурување, но тој никогаш не го направи тоа. Ѝ честитам на Никол. Таа го направи она што мораше да го направи“, заклучува ЛаТања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот