Богатство од протеини: Чорба од црвена леќа

Фото: Unsplash

Леќата претставува една од најхранливите мешунки кои се достапни на нашата трпеза, а притоа се богата со протеини, растителни влакна, железо и други компоненти со низа корисни дејства за нашето тело. Дополнително, лесна е за приготвување, а има и доста ниска цена. Ова ја прави леќата можеби најдостапниот извор на протеини од храната.

Луѓето ја употребуваат уште од многу далечни времиња, денес нејзината употреба е раширена низ целиот свет, а кај нас традиционално е присутна како вариво.

Состојки:

– 200г црвена леќа
– 100г булгур
– 100г интегрален ориз
– 1 среден кромид
– 2 лажици доматно пире
– 2 лажици путер
– 3 лажици масло
– 2 чешниња лук
– малку суво нане
– мелена црвена пиперка
– сол по вкус

Подготовка:

Во тенџере ставете 1 лажица маслиново масло и 2 лажици путер убаво да се растопат. Додадете го кромидот и лукот, но претходно да се многу ситно исечкани.

Ставете ги во садот со путерот и маслото и оставете ги убаво да се запржат. Кога кромидот и лукот убаво ќе се запржат се додадете ги леќата, булгур и оризот. Измешајте сè со тенџерето, а потоа додадете 1 литар врела вода. Покријте го тенџерето и оставете ја да врие околу 20 минути.

Во меѓувреме, загрејте 2 лажици масло во друга тава и додадете 1 лажица брашно и 2 лажици доматно пире. Сосот не треба да е ниту многу густ, ниту многу редок.

Промешајте убаво и додадете малку врела вода. Додадете зачини по желба и тргнете ја тавата од оган.

Пробајте ја чорбата од тенџерето и доколку состојките се добро сварени, додадете го подготвениот сос и послужете.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот