Фото: mia.mk

Бочварски: „Зелените“ коридори се еден од најуспешните примери на регионална соработка

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешната тркалезна маса организирана од Меѓународниот транспортен форум, во пресрет на Самитот на министри, на тема „Транспортот и ковид-19″ истакна дека т.н. „зелени“ коридори, воспоставени на почетокот на пандемијата, се покажаа како еден од најуспешните примери на регионална соработка.

На тркалезната маса, на која учествуваа министри за транспорт и државни секретари од преку 25 земји од светот, министерот Бочварски нагласи дека мора да се размислува како да се ублажат последиците од кризата, но и да се предложат поодржливи решенија надвор од неа.

– Создавањето на поволни услови за трговија и за непречен транспорт може да го забрза закрепнувањето, бидејќи трговската соработка и слободниот проток на стоки и услуги можат да обезбедат навремена испорака на есенцијални стоки токму онаму каде што се најпотребни. Затоа, продолжувањето и надградбата на концептот на „зелени коридори” и нивно проширување до граничните премини на сите земји, вклучувајќи ги и оние со соседните земји-членки на Европската Унија, може да даде добри резултати и да биде од корист за сите, истакна министерот Бочварски, говорејќи на првата сесија од тркалезната маса што се однесуваше на концептот на „зелените коридори – ленти за полесен и побрз транспорт”.

Во рамки на Западен Балкан, ваквите коридори се воспоставија на почетокот на ковид-19 пандемијата, со цел да се спречи недостиг на есенцијална стока и медицинска опрема.

Денешната тркалезна маса беше прва од трите предвидени пред почетокот на Самитот на министри, на која учествуваа министри за транспорт и државни секретари од преку 25 земји од светот, меѓу кои САД, Велика Британија, Русија, Јапонија, Данска, Португалија. Во мај 2021 година ќе се одржи Интернационалниот транспортен саем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот