Бобан за најавеното влегување на саудиски клубови во ЛШ: Тоа се луди исмислици

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и Милан, Звонимир Бобан кој денес е еден од првите оперативци на УЕФА ги демантираше најавите дека следната сезона саудиски клуб ќе добие место во Лигата на шампионите.

„Кориере дело Спорт“ вчера објави дека УЕФА веќе донела одлука судискиот шампион од новата сезона да има место во најелитното европско натпреварување. Сепак, тоа нема да се случи.

„Тоа се луди измислици кои ги објави наводно сериозен весник од Италија. Сериозни новинари и медиуми прашуваат пред да објават нешто, не пишуваат глупости. Во Лигата на шампионите како и во секое друго натпреварување на УЕФА ќе играат само европски клубови, тоа го повтори и претседателот Чеферин неколку пати“, истакна Бобан.

Саудиските клубови летово вложија астрономски суми и веќе во своето првенство имаат големи фудбалски имиња како: Нејмар, Роналдо, Садио Мане, Милинковиќ-Савиќ, Кулибали и уште многу други, а сигурно и дека нема да застанат тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот