Бобан Марјановиќ може да освои признание какво што нема ниту еден Европјанин во НБА

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Поради одигрувањето на финалниот натпревар од НЦЦА лигата во која триумфираа кошаркарите на Универзитетот Конектат изминатата ноќ во НБА лигата немаше натпревари, но не значи и дека нема интересни информации од најсилната кошаркарска лига во светот.

Имено, од САД пристигнува вест дека Бобан Марјановиќ е во најтесниот круг кандидати за добивање на наградата „најголем спортист“ која се доделува на кошаркари кои биле пример со своето етичко однесување и фер-плеј на теренот.

Според правилата, секоја НБА дивизија има по еден кандидат, а центарот на Хјустон е претставник на Југозападната дивизија.

Покрај него во конкуренција за наградата се: Мајкл Конли (Минесота), Бем Адебајо (Мајами), Харисон Барнс (Сакраменто, Дариус Герланд и Џејлен Брансон (Њујорк Никси).

Низ годините оваа награда ја освојуваа легенди како: Дејвид Робинсон, Реј Ален, Стеф Кари, Винс Картер, Џејсон Кид (двапати), а рекордер е Грент Хил кој беше освојувач дури трипати. Минатата сезона наградата заврши во рацете на Пет Милс.

Марјановиќ ако дојде до наградата би станал првиот Европјанин со ова признание. Треба да се спомене дека Луол Денг кога ја освои наградата во 2007 година се уште не беше натурализиран репрезентативец на Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот